Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски испрати честитка до Реисот Ум Улема Хаџи Сулејман еф.Реџепи по повод празникот Курбан Бајрам. Груевски го честита празникот од лично и од името на ВМРО-ДПМНЕ.
Хуманоста и меѓучовечката љубов се симболите на овој празник. Верниците кои денес празнуваат нека ги споделуваат вредностите на простувањето и солидарноста, бидејќи овие универзални вредности се темелот на традицијата која на овие простори се одржала низ вековите. Љубовта и подадената рака кон својот ближен, роднина, сосед и пријател го прави нашето општество подобро и ги зацврстува врските меѓу луѓето. Вредностите на толеранција, разбирање и меѓусебна помош кои нашите предци ги пренесувале од колено на колено се доказ за богатството на нашето мултикултурно и мултиконфесионално општество кое е градено низ годините и кое секој од нас е должен да го почитува и да го пренесува. Само така ќе продолжиме да градиме заеднички живот во Македонија, темелен на почитување и заеднички напредок, се наведува во честитката.
Во честитката Груевски вели празничните мигови да донесат радост, бериќет и успеси на секој верник, но и среќа и надеж за подобро утре на секој граѓанин во нашата заедничка татковина, затоа што радоста и бериќетот на нашиот пријател или сосед е радост и просперитет за секој од нас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии