| четврток, 6 декември 2018 |

Костовски: Рашковски спроведувајќи ја политиката на Заев незаконски им се заканува на 600 луѓе да ги избрка од работа

Рашковски и Заев се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост. Со неа управуваат кршејќи ги законите и се водат само од лична корист и непотизам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Рашковски уште од доаѓање на позицијата Генерален Секретар на Владата покажа дека е лик во огледало на Зоран Заев. Рашковски го овласти својот кум, адвокатот Дејан Костиќ, во име на Владата да разрешува и именува управни и надзорни одбори, да сее страв по институции и да се заканува. Рашковски го плаќа својот кум, со пари на граѓаните, да сее страв по институции. Овластувањето на Костиќ од страна на Рашковски е типичен пример за непотизам и само мал вовед во тоа што ја чека државата по целосната окупација на институциите од страна на СДС. Костиќ овластен од Рашковски противправно разрешувал управни и надзорни одбори и именувал нови, со цел целосна партизација на државата, подвлече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Рашковски, додаде тој, спроведувајќи ја политиката на Заев за јадење на живи луѓе, незаконски им се заканува на 600 луѓе, со намера да ги избрка од работа и на нивно место да постави партиски послушници и таканаречени невладини активисти.

-Рашковски и СДС удираат директно врз припадниците на помалите етнички заедници, како турската, бошњачката, српската и влашката. СДС има намера да навлезе во секоја пора на општеството, и преку некомпетентни партиски кадри да ја управува државата и да ги заплашува граѓаните, точно како што Заев најави од Валандово, каде рече дека кога ќе дојдат на власт ќе избркаат се од чистачка до министер. Рашковски и СДС и должат објаснување на јавноста како и по која процедура Рашковски го избрал сопствениот кум за да ја застапува Владата, кој учествувал во изборот и колку го плаќа? Рашковски и Заев не смеат да бегаат од одговори. Парите со кои се расфрлаат и моќта која моментално ја имаат се на граѓаните и од граѓаните. Граѓаните не сакаат нивните пари да бидат злоупотребувани за поткопување на правната држава и демократијата во Република Македонија. Рашковски и Заев треба да знаат дека за секое незаконско дело ќе сносат одговорност со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија. Секој еден извршител или соизвршител треба да знае дека за секое едно незаконско дело ќе се одговара и за се ќе има соодветна кривична санкција.

Граѓаните, рече Костовски, ќе го казнат СДС за ваквото насилие врз државата и институциите на претстојните локални избори на 15 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top