| четврток, 6 декември 2018 |

Произведена вакцина која лекува зависност од хероин

Меѓународна група истражувачи развиле вакцина која ја спречува зависноста од хероин со блокирање на наркотичкото дејство на таа дрога. Со други зборови, вакцината спречува корисниците да почувствуваат било каква зависност со што ја обесмислувааат целта на користење хероин.

Според најавите, вакцината ќе може да дејствува неколку недели, а најдобрата формула која го блокира наркотичкото дејство ќе ја елиминира апстиненцијалната криза во период над осум месеци. Вакцината ќе треба да се прима на секои три месеци.

Научниците дури сметаат дека вакцината исто така може ефикасно да ги заштити конзументите на хероин од предозирање. Вакцината засега успешно е тестирана на мајмуни и глувци, а се планираат и тестирања на луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top