| четврток, 6 декември 2018 |

САД го затвора рускиот конзулат во Сан Франциско

САД го затвораат рускиот конзулат во Сан Франциско, како и конзуларните објекти во Вашингтон и Њујорк, соопшти американскиот Стејт департмент.

Вашингтон бара од Русија да го затвори конзултатот до 2 септември. Одлуката била донесена поради мерката на Москва да го намали бројот на американски диломати во Русија.

„Веруваме дека ваквата акција е неоправдана и штетна за односите на двете земји“, се вели во соопштението.

„Бараме од руската влада да го затвори конзулатот во Сан Франциско, како и објектите во Вашингтон и Њујорк“, соопшти портпаролката на Стејт департментот Хедер Нуерт. Како што се додава, на овој начин двете земји ќе останат со по три конзулати.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денес дека „жали“ поради зголемените тензии меѓу Москва и Вашингтон „почнати“ со одлуката на САД да го затвори генералниот конзулат на Русија во Сан Франциско и двата конзуларни објекти во Вашингтон и Њујорк.

„Министерот жали поради растот на тензиите во билатералните односи кој не го инициравме ние и смета дека новите американски мерки ќе бидат внимателно проучени во Москва“, се вели во соопштението на руското министерство.

Соопштението беше издадено по телефонскиот разговор на Лавров со американскиот државен секретар Рекс Тилерон, пренесуваат руските медиуми.

Русија има дипломатска мисија во Сан Франциско од 1852 година, пишува на сајтот на конзулатот.

Конзулатот бил затворен во 1924 година поради недостиг од финансиски средства, но бил повторно отворен во 1934 година откако Вашингтон воспоставил дипломатски односи со Советскиот Сојуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top