„Инасајдер“ е нова домашна телевиска серија, која се снима во четвратата хала на „Скопски саем“. Дејството во серијата е сместено во неделникот „Инсајдер“, кој се занимава со истражувачко новинарство. Ова е серија за новинарите, нивната работа и за односот меѓу новинарите.
„Инсајдер“ е социјално ангажирана телевизиска серија, која раскажува приказни од секојдневието на една новинска редакција. Дејствието временски е претежно сместено во таканаречениот „дедлајн“ период, односно пред самото влегување во печат на изданието, кога интензитетот на емоциите и на релациите е најголем.
Главната улога во серијата ја толкува Светозар Цветковиќ, кој е сопственик на медиумот, а улогите на главниот уредник ги толкуваат Дејан Лилиќ и Ирена Ристиќ.
Главен сценарист на серијата е Сашо Кокаланов, а во пишувањето на сценариото учестувале и Елеонора Венинова и Драгана Лукан. Главен режисер е Игор Иванов- Изи, а со него режираат Вардан Тозија и Даријан Пејовски. По една серија режираат и Дина Дума и Марија Апчевска. Директор на фотогарфија е Димо Попов, а директор на серија е Никола Мадиќ. Костимогаф на серијата е Илина Ангеловска.
Се планираат 26 епизоди во првата сезона. Со снимање е почнато на 23 август, планирано е да се заврши на 21 септември. „Инсајдер“ треба да почне да се емитува на 16 октомври. Според зборовите на продуцентот, ќе се емитува по една епизода секој работен ден, односно пет епизоди неделно.
Екипата на „Република“ присустуваше на снимањето на една епозода од серијата каде што се договараше темата за следниот број на неделникот – обид за атентат врз претседателот.
– Секоја епизода има посебна приказна. Низ секоја епизода се провлекуваат личните односи на новинарите, но темите во секоја епизода се различни – велат од продукцијата.
Главните улоги ги толкуваат Светозар Цветковиќ (Лазар), Ирена Ристиќ (Наталија), Јордан Симонов (Тихомир), Дејан Лилиќ (Дрраган), Силвија Стојановска (Кристина), Ѓорги Нешовски (Александар), Горан Ников (Дејан), Габриела Петрушевска (Мирела), Јана Стојановска (Антонија) и Сања Арсовска (Мери). Во епизодни улоги се појавуваат: Сашко Коцев, Драган Спасов Дац, Славиша Кајевски, Јелена Јованова, Оливер Митковски, Васил Зафирчев, Трајче Георгиев, Борче Начев, Сабедин Селмани, Горан Стојановски и други.
Автори на сценографијата се Михаил Панев и Игор Тошевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.