| четврток, 6 декември 2018 |

„Смалување“ го отвори Филмскиот фестивал во Венеција

Со филмот „Смалување“ на американскиот режисер Александар Пејн синоќа беше отворен Филмскиот фестивал во Венеција. Мет Дејмон ја толкува главната улога во научнофнатастичната драма која беше поздравена како освежување, пишува „АФП“.

Весникот „Холивуд рипертер“ филмот го оцени како „креативен полн погодок“, а „Варајети фер“ напиша дека станува збор за скокотлива и забавна приказна.

На 74. издание на Фествалот за главната награда „Златен лав“ се натпреваруваат 21 филм. Свечената церемонија на затворањето на Фестивалот е на 9 септември.

Ќе бидат прикажани 71 филм, од холивудски блокбастери до документарци како што е делото на кинескиот уметник Аи Веивеј за глобалнатта мигрантска криза.

Меѓу ѕвездите кои ќе се појават на црвениот техип оваа година се Џорџ Клуни, Џулијан Мур, Хавиер Бардем, Пенелопе Круз и Роберт Редфорд.

Претседателката на жирито, американската актерка Анет Бенинг оценува дека претстои долг пат до постигнување на еднаквост меѓу мажот и жената во филмската уметност, иако изгледа дека работите се движат во позитивна насока.

Последен пат жена претседаваше со жирито во Венеција пред 11 години. Таа чест ја имаше Кетрин Денев во 2006 година.

Во официјалната конкуренција се натпреваруваат пет американски режисери, четворица Италија, двајца Британци, тројца Французи, и по еден Мексиканец, Австралиец, Израелец, Либанец, Јапонец и двајца Кинези кои ќе претстават 21 филм меѓу кои и една единствена жена – Кинеската Вивијан Кју со француско-кинескиот филм „Ангелите носат бело“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top