| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар ги објави цените: Блок билети од 1.400 денари до 3.000 денари

Вардар ги објави цените на билетите за домашните натпревари во Лига Европа. Продажбата ќе почне на 1 септември (петок) и поделена е во два дела. До 10 септември ќе може да се набават блок влезници што ќе чинат од 1,400 денари со 3,000 денари во зависност од секторот на трибините.

Најевтините позиции на „Телеком арена“ ќе бидат на источната и на западната трибина и крајните блокови на Север и на Југ.

Од 11 септември во оптек ќе бидат пуштени билети само за мечот со Зенит и повеќе нема да може да се набават сезонски пакети.

Покрај дуелот со рускиот премиерлигаш од Санкт Петербург на 14 септември, „црвено-црните“ ќе бидат домаќини на Реал Сосиедад на 19 октомври во рамки на третото коло во Л конкуренцијата и на Розенборг на 7 декември во завршната рунда од групната фаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top