Шпанските и италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека Барселона испратила понуда до Наполи дека сака да го донесе Лиренцо Инсиње.
Во сите шпекулации, навивачите на Каталонците беа изненадени што воопшто нивниот тим е заинтересиран за Инсиње. Барселона беше подготвена да плати 100 милиони евра за играчот на Наполи, но италијанскиот тим ја одби оваа понуда.
Претседателот на клубот од Наполи, Де Лаурентис денес изјави за италијанските медиуми дека е вистина дека Барса испратила понуда, но нема шанси Инсиње да се продаде таму. Него најмногу го налути што Мино Раиола се обиде да го одведе играчот на „Камп Ноу“.
„Раиола може да прави што сака, но ако има намера да го однесе Инсиње во Барселона тоа нема да се случи. Тој во Барселона може да отиде само преку мене мртов. Раиола е како лик од цртаните и навистина понекогаш ми е смешен“, истакна претседателот на „Наполи“.
(Спортски)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст