| четврток, 6 декември 2018 |

Владата не се откажува од планот за зголемување на даноците

Движењето против осиромашување повеќе од еден месец е против зголемување на даноците, за жал ние сме игнорирани од Владата која упорно не се откажува од планот за зголемување на даноците, ова денеска го истакнаа од граѓанското движење против осиромашување.

-Приморани сме на ваков начин со блокада на главните раскрсници да го привлечеме вниманието и да го изразиме нашиот револт. Бараме прво откажување од планот за зголемување на даноците, второ намалување на даноците и трошоците за придонеси од 27 на 25 проценти, трето Владата да се откаже од непродуктивните трошоци и оваа Влада покажува игнорантски и недоличен однос кон граѓаните и ние не сакаме да се полни буџетот со парите од граѓаните кога Владата е неспособна да го наполни со различни проекти, потенцираат од здружението.

Граѓанското движење порачаа и да се прекине со крадење на граѓаните и да се прекине со осиромашувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top