Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас утре ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, соопшти денеска официјално грчкото МНР.
Во соопштението се вели дека Коѕиас ќе се сретне со неговиот колега Никола Димитров, по што ќе има проширени разговори, а потоа и заедничка изјава за медиумите.
– Тој потоа ќе биде примен од претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Владата Зоран Заев, и заменик-премиерот, одговорен за односи со ЕУ, Бујар Османи, и ќе се сретне со претставници на парламентарните партии, информира грчкото МНР.
Димитров за утрешната средба
Важно е да воспоставиме отворена релација, да видиме што е најважно за Грција и да го објасниме тоа што е најважно за Македонија. Важно е и за Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи, истакна денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров во одговор на новинарско прашање за очекувањата од утрешната посета на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на Скопје.
– Убеден сум дека со упорност и отвореност, со пораката дека и за Грција е важно Македонија да успее и има стабилен и просперитетен сосед. Грција е постара демократија од нашата, член е на ЕУ и НАТО и има многу важна геостратешка позиција регионот. Мислам дека може да игра важна улога во зацврстување и буткањето на целиот регион на Балканот. Важно е и за Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи, изјави Димитров на маргините на конференцијата „Македонија кон целосно членство во НАТО“ што се одржува во Скопје.
Главна тема на разговорите со Коѕијас се очекува да бидат можностите за проширување на мерките за градење доверба.
– Довербата е првиот чекор кон пријателство и тоа е многу важна работа. Имаме досега најголема делегација од 15 претставници што денеска се враќа од Атина, а целта е да се прошират мерките за градење доверба во повеќе области и да се направат пореални и да се имплементираат, рече Димитров.
Посочи дека се направени два клучни чекора што не се директно поврзани со разликата околу името, но го отсликуваат духот и новата надворешна политика на Македонија.
– Успеавме да затвориме едно отворено прашање со соседна Бугарија и да ја претвориме од пречка во поддржувач на иднината на Република Македонија. Второ, повлековме една сериозна линија на корективни мерки согласно времената спогодба. Ова министерство и Влада ги земаат сериозно преземените обврски, го земаат сериозно Уставот на Македонија и ќе бидеме многу принципиелни и цврсти во контекст на излетот што ни се случи во Канада. Тоа само ќе ни ги зајакне позициите и во однос на утрешната средба и генерално во однос на Грција, изјави Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст