| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Расипничко криминалната влада на СДС потроши над 320 милиони евра

Над 320 милиони евра потроши расипничко криминалната влада на СДС. Граѓаните на Република Македонија освен вработување на партиските полтрони, комедијанти и твитерџии не виде никаков бенифит од тоа. СДС не може да го сокрие фактот дека со ребалансот на буџетот удри по граѓаните. Пензионерите нема да добијат поголеми пензии, нема зголемување на платите, нема зголемување на социјалната помош за ранливите категории, но затоа има за луксузирање и за идни партиски вработувања, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на прес конференцијата на Христијан Делев.

-За само 3 месеца владата на аболицираниот Зоран Заев ја задолжи државата за неверојатни 145 милиони евра, а од државните резерви стопи 177 милиони евра. Факт е дека за 24 дена истрошија дополнителни 23.2 милиони евра од народните пари буквално за задоволување на сопствените апетити за луксузирање, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека време е СДС да и објасни на јавноста каде отидоа нивните пари. Ваквото однесување на Заев и СДС ја турка Република Македонија кон сигурен банкрот.

-Ваквиот хаос мора да запре. Правдата и правната држава ќе се вратат кога СДС ќе замине и тогаш ќе одговараат за секое незаконско дело што го имаат направено. Граѓаните ги гледаат овие штетни политики и затоа на 15-ти октомври ќе го казнат Заев и СДС на претстојните локални избори, стои во реаацијата на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top