Родителите на четиримесечното доенче кое почина на скопската Детска клиника се сомневаат дека станува збор за лекарска грешка. Бебето пред два дена било хопситализирано со белодробна инфекција. Иако било приклучено на апарати, здравјето не му се подобрило. Според лекарите инфекцијата го потикнала мулти-малформацискиот синдром од кој боледувало бебето– слабо срце и оштетени бели дробови. Прогнозите да преживее биле мининални, затоа што со овој синдром, како што велат лекарите, бебињата не живеат повеќе од една година. Но мајката на бебето која не сакаше да зборува пред камерите рече дека се сомнева на лекарска грешка. Доенчето, како што наведе, тешко голтало и повеќе пати било лекувано на неонаталниот оддел.
Две новороденчиња со тешки респираторни заболувања починаа на Детската клиника
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст