| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС е антиреформска, ја кочи изградбата на нова градинка во Аеродром

Владата на СДС не е реформска туку антиреформска. Владата на СДС е лицемерна. Не ја интересираат потребите на граѓаните, ниту пак е способна да реализира барем една мерка кој би им била од корист, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на СДС ја кочи изградбата на новата градинка во Општина Аеродром, поточно во Ново Лисиче, „Буба Мара“.  Антиреформската влада на СДС повеќе од еден месец одбегнува да ја стави на дневен ред точката за доделување земјиште на кое ќе се гради четврта по ред детска градинка во Општина Аеродром. На ова место зад нас ќе имаше отпочнато нова детска  градинка доколку владата на СДС не го закочеше целот процес. Владата покажа дека единствено нешто кое знае да го прави е опструкција, кочење и блокада. Граѓаните на Општина Аеродром гледаат дека владеењето на СДС носи само стагнација. Владата на СДС врши директна опструкција врз работата на Општината со одложување на точката за носење на одлука за доделување на земјиштето на кое треба да се изгради нова современа детска градинка која е од витално значење за овој дел од општината, со банално образложение дека е потребно мислење од ДКСК, а ДКСК има дадено мислење кое примено во владата на 17.08.2017 година, согласно кое не постојат пречки за донесување на споменатата одлука, истакна денес Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потенцира дека со изградбата на оваа градинка ќе се задоволат згрижувачките капацитети и ќе им се излезе во пресрет на родителите и жителите од овој дел на општината.

-Општина Аеродром во изминатиот период изгради три нови градинки: „Штркче“, во вредност од 25 милиони денари, со капацитет за сместување на 200 дечиња, „Сонце“, во вредност од 30 милиони денари, со капацитет за сместување на 200 дечиња и првата градинка во Горно Лисиче, „Лавче“, во вредност од 13 милиони денари, со капацитет за сместување на 100 дечиња.  Исто така општина Аеродром ја обезбеди целата потребна документација и сите согласности од надлежните институции и е целосно подготвена за почеток на градежните работи за изградба на нова градинка за повеќе од 250 дечиња, за што потпишан е и договор со изведувачот и обезбедени се финансиски средства од околу 30 милиони денари.  Владата на СДС наместо да опструира и кочи, ја повикуваме да ја стави точката на дневен ред и да се залага да ги решава проблемите на граѓаните во Аеродром. Граѓаните ја гледаат разликата. ВМРО-ДПМНЕ нуди и реализира проекти, а неспособната власт на СДС кочи, блокира и укинува. Затоа на 15-ти октомври СДС повторно ќе биде казнет од граѓаните, додаде Митески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top