Американскиот атлетичар Дејвид Торенс е пронајден мртов на дното на базенот во градот Скотсдејл, во американската сојузна држава Аризона.
Истрагата за смртта на атлетичарот е во тек, а американските медиуми објавија дека на телото немало знаци на насилство.
Торенс имаше 31 година, тој во Скотсдејл пристигнал пред неколку недели за да ги спроведе подготовките за финишот на сезоната.
Дејвид Торенс е роден во Јапонија, но како дете се преселил во Калифорнија. Во 2016 година доби државјанство на Перу и настапи за оваа земја на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Атлетскиот сојуз на САД соопшти дека светската атлетика изгубила „одличен пријател и спортист“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.