| четврток, 6 декември 2018 |

Четири лица повредени во сообраќајната несреќа на автопатот Велес-Скопје

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случи попладнево на автопатот Велес-Скопје кај клучката за Штип, се најновите детали.

Од МВР за Курир претходно изјавија дека Рено со ресенски регистарски ознаки попладнево околу 16:15 часот се превртело од засега непознати причини на автопатот Велес-Скопје, кај клучката за Штип.

Возачот со повреди е пренесен во велешката болница за укажување на лекарска помош. Засега нема подетални информации за карактерот на повредите.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top