| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на состаникот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струга

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска присуствуваше на состанокот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струга.

Доцна попладнево одржавме состанок на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струга. Ми претставува чест и задоволство да присуствувам на состанок на кој разменивме многу идеи, размислувања, слушнавме корисни предлози за понатамошно делување. ВМРО-ДПМНЕ останува отворена партија за способните, добронамерните и сите оние кои се подготвени да придонесат и да ја вложат својата енергија за напредок на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е партија чија главна карактеристика е работата која носи подобро за граѓаните, напиша на својот ФБ профил лидерот на партијата Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top