Во манастирот во Матка кај Скопје денеска поглаварот на Македонска православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан одржа света божествена литургија по повод православниот празник Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат како Голема Богородица.
Г.г. Стефан зборуваше за животот на мајката Богородица, посочувајки дека денес, имајќи ги предвид кризите во светот воопшто, и животот на мајките е потежок.
Во манастирот во Матка кај Скопје синоќа се одржа богослужба и полноќно бдеење.
Традиционално во дворот на манастирот на празникот, по богослужбата, се одржува крводарителска акција. Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.
По повод празникот СВР Скопје вчера и денеска воведе посебен сообраќаен режим во реонот кон манастирскиот комплекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.