| четврток, 6 декември 2018 |

Од што почина малата Анастасија?

Од што почина малата Анастасија Маркоска од Охрид? Лекарска негрижа, превид или тешка болест денес обдукцијата треба да покаже.

Аастасија била донесена на детското одделение при медицински центар Охрид завчера попладне со симптоми на малаксаност. Лекарите му дале инфузија и откако девјчето било подобро го испратиле дома. Ноќта околу полноќ истиот ден родителите го донеле поворно детето во болница , но овој пат мртво, без знаци на живот. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но за жал не успеале.

Јавноста не мирува. На социјалните мрежи гласно се критикува здравствениот систем и министерт заздравство. Воедно со нетрпение се очекуваат официјалните информации од обдукцијата за причините за прераната смрт на малото ангелче- пишува охридскиот портал Охриднет.

Министерството за здравство објави соопштение во врска со случајот со починатото двегодишно девојче во Општата Болница во Охрид, во кое информираше дека во петокот девојчето било прегледано на детското одделени во болницата во Охрид каде и била констатирана вироза. По ова, поради симптоми на повраќање, стомашна болка и омалаксаност, бил извршен уште еден преглед. По смртта на девојчето формирана е Комисија која ќе го испитува случајот.

Кај починатото двегодишно девојче била дијагностицирана вироза

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top