СДСМ во својата предизборна програма ветуваа кратење на некапиталните расходи, а се чини, секојдневно се обелоденуваат нови задолжувања кои сега изнесуваат 334 милиони евра токму за некапитални расходи. Наместо да се градат болници, училишта, градинки, автопати, водоводи од што директна корист би имале граѓаните се троши на октоподи, мебел, инвентар и хонорари.
Според податоците објавени на веб страната на Министерството за финансии каде јасно се гледа дека се потрошени 20,5 милоини евра народни пари за договорни услуги. Во договорни услуги спаѓаат и набавки на канцелариски мебел, столчиња, работни маси и останат инвентар.
Во предизборната програма така наречена „План за живот во Македонија“ децидно наведуваат дека нема да купуваат нов мебел. Зошто предизборно се ветуваа мерки кои не само што ги нема туку комплетно се погазени, зошто си го погазуваат сопствениот збор? Има само еден одговор, неспособност да се справат со сопствената алчност. Дадените ветувања очигледно беа само предизборни и со цел да се добие глас повеќе, а не искрено и чесно да се испочитува ветеното.
Според законот за пристап до информации од јавен интерес, може да се забележи на страната на бирото за јавни набавки на што се трошат парите на граѓаните, списокот е долг покрај мебелот се троши и на цвеќиња, октоподи, морска храна.
ВМРО-ДПМНЕ вчера реагираше. Велат со 334 милиони евра, колку што повлече владата од девизните резерви и собра од распишаните аукции на државни хартии, ќе можеше да се изградат околу 500 спортски сали, од кои корист ќе имаа сите граѓани.
„Истрошија пари на луксузи како октоподи и морска храна, кои им се гледаат ефтини кога се купуваат со народни пари. Владата на СДС за игнорантскиот однос кон суштинските потреби на граѓаните ќе биде казнета од страна на граѓаните на 15-ти октомври, кога Заев и криминалната врхушка околу него убедливо ќе бидат поразен“, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.
На владата на СДСМ приоритет според приложените податоци приоритет им се некапиталните расходи, а капиталните проекти се тргнати настрана со изговор дека во буџетот нема средства. Со ребалансот беа скратени средствата за изградба на училишта, спортски сали, водоводни и канализациони мрежи, реконструкција на студентски домови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст