–Македонија ќе биде воздржана по прашањето за членството на Косово во УНЕСКО – вели српската премиерка Ана Брнабиќ еден ден по средбата со премиерот Зоран Заев на неформалниот самит во Драч. Таа во интервју за тамошните медиуми вели дека за Србија било многу важно да му пренесе на Заев јасно и гласно дека евентуалното гласање во корист на Косово би било спротивно на интересите на Србија и оти такво нешто би одело на штета на понатамошната соработка меѓу двете земји.
Таа вели дека го слушнала дипломатскиот договор на Зоран Заев по самитот во однос на ставот на Македонија за членството на Косово во УНЕСКО. Според неа Македонија мора да го испочитува договорот со Србија и да гласа воздржано за приемот на Косово во Унеско без разлика дали ќе се гласа оваа година или следната
– Видов што рече, дека оваа година тоа нема да биде тема. Јас воопшто не би влагувала во шпекулации дали годинава тоа ќе биде или нема да биде тема, важно е ако биде тема ние сите да се држиме до нашите договори. И годинава и следната година. Во секој случај, мислам дека ќе го продолжиме дијалогот, им верувам на нашите регионални партнери затоа очекувам зборот да биде одржан. По тоа прашање, он не беше двосмислен и во Трст, вели Брнабиќ.
Изјавата на Брнабиќ следи по изјавата на Заев дека Косово годинава нема апликација за членство и оти тоа прашање нема да се дискутира.
– Јас се надевам дека во моментот кога ќе се дискутира ќе имаме навистина посоодветни и навистина подобри околности по ова прашање. Регионот мора да гледа само позитивно со перспективи напред, а никако да дава причини кој било од земјите за нарушување на меѓусоседските или регионалните односи на земјите, рече Заев.
Од друга страна пак се албансаките коалицион и партери на Заев кои очекуваат тој да го одржи своето ветување дадено при формирање на владата. Токму од Албанците, кои го чинат делот на владата во Македонија зависи и опстанокот на целата влада. Тие бараат Македонија да го поддржи приемот на Косово во УНЕСКО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст