| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска држава: Изведувачот на акцијата со нож во Брисел е војник на ИД!

„Исламска држава” ја презеде одговорноста за нападот со нож врз војници во белгиската престолнина Брисел, соопшти синоќа, преку мрежата „Телеграм“ пропагандниот орган на групата – новинската агенција Амак.

„Изведувачот на акцијата со нож во Брисел е војник на Исламска држава, кој ја изврши операцијата како одговор на повиците за напади против земјите од коалицијата”, посочи Амак, мислејќи на антиџихадистичката коалиција предводена од САД, во која е и Белгија.

Во петокот, беше застрелан маж во Брисел, откако со нож нападна двајца војници. Инцидентот се случил околу 20.15 часот, по локално време, во центарот на Брисел, а напаѓачот, според наводите на бриселската телевизија РТБФ, за време на нападот врз војниците, извикувал „Алах Акбар“.

Белгиските медиумиј јавија дека стаува збор за Сомалиец (30), кој претходно не и бил познат на полицијата како лице поврзано со тероризам.

Белгиското обвинителство соопшти дека напаѓачот, откако бил застрелан од страна на војниците, им подлегнал на повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top