Залудно два дена Таравари и Јовановска се трудеа да го сокријат скандалот со четирите починати бебиња на Гинекологија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Залудно давате наредби на обезбедувањето и залудно забранувате да се отвора прашањето за одговорност за оваа трагедија! Одговорност мора да има и ќе има! Никого нема да замолкнете! На сите им е јасно дека сакате да ја вратите Македонија во 1949 година. ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува обидот на СДС на сила да ја затвори дебатата за одговорноста за хаосот на гинекологија, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Потсетуваме, денес пред ГАК од страна на обезбедувањето беше избркана Марија Андоновска која сакаше да одржи прес-конференција и да повика на одговорност за починатите бебиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст