
Флојд Мејведер по две години се врати во боксот, но најави дека ова за него е последната борба синоќа, иако победи, не размислува повторно за враќање на терен. Тој во Лас Вегас ноќеска боксуваше против Конор Мекгрегор и го победи во 10 рунда со технички нокаут, па судијата го прекина мечот, за да не дојде до поголеми последици.
Дами и господо, ова беше мојата последна борба во кариерата, дефинитивно последна, изјави Мејведер по мечот. Тој во кариерата има забележано 50 победи
За својот противник имаше само пофалби.
Мекгрегор е многу подобар од тоа што мислев. Тој е жесток борец, но јас сум подобар и го докажав тоа на овој меч, истакна Мејведер.
Од друга страна, Мекгрегор, потенцираше дека сакал судијата да остави да се дозаврши борбата.
Беше густо, но судијата прерано ја прекина борбата. Уморен бев и затоа делував како потресено. Доколку судијата дозволеше борба понатаму, јас ќе се повлечев како во ќоше и ќе се опоравев брзо. Повеќе посакував судијата да му дозволеше на Флојд да ме испрати на подот, а вака.., истакна Ирецот по поразот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


