| четврток, 6 декември 2018 |

Загинаа 5 алпинисти, еден се бори за живот

Пет лица загинаа, е еден е тешко повреден во несреќата која се случи на планини во австриската сојузна покраина Салцбург, јави австриската агенција АПА.

Несреќата се случила во местото Маникаршарт, во планините југозападно од Салцбург.

Црвениот крст соопшти дека според првите информации, групата планинари паднале во момент кога биле врзани со исто јаже.

На местото на несреќата испратени се пет спасувачки хеликоптери.

Црвениот крст наведува дека засега не е утврдена националноста на настраданите планинари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top