| четврток, 6 декември 2018 |

И среде лето Куманово е најзагадениот град во Европа

И синоќа Куманово беше убедливо најзагадениот град во Европа. Иако е лето, загадувањето со канцерогените ПМ10 честички изнесуваше 6 пати над дозволеното, 272 мк/м3 (максималната дозволена граница е 50 мг/м3).

Тоа значи дека во градот со кој раководи Зоран Дамјановски од СДСМ, загадувањето е 500 процентно поголемо од максимално дозволеното.
СДСМ веќе 27 години ја има неприкосновената власт во Куманово. Но, премиерот Зоран Заев, градоначалникот Дамјановски и пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски не прават ништо за граѓаните иако добија гласови во Куманово.

Додека нивните сограѓани буквално едвај дишат од енормно загаден воздух, блиските соработници на Заев не преземаат буквално ништо.

КУМАНОВО Е НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО КОНТИНУИТЕТ!

Куманово е најзагаден град во Европа во континуитет. Зимоска загадувањето постигна 999 мк/м3. Дваесет и седум години власт во Куманово – неповратно изгубено здравје на кумановици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top