| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Со парите кои СДС ги расфрла по луксузи можеше да изгради 500 спортски сали

Изградба на една спортска сала чини околу 700.000 евра. Со 334 милиони евра од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии кои СДС ги расфрли по луксузи ќе можеше да изгради околу 500 спортски сали, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Спортски сали кои ќе можеа да ги користат граѓаните на Република Македонија. Сепак партиските интереси СДС ги стави во преден план пред интересите и потребите на народот. На што се трошат парите на граѓаните? Околу 334 милиони евра СДС повлече од девизните резерви и не задолжи со издавање на државни хартии од вредност. Граѓаните секојдневно ова прашање му го упатуваат на Зоран Заев и неговата неспособна влада. Одговор се уште нема. Има само лаги со кои сакаат да го изманипулираат народот и да го прикријат криминалот. Неспособната, криминална влада на Заев го игнорира гласот на народот. Барањата на граѓаните ги занемари во трката за вдомување на своите партиски војници. Истрошија пари на луксузи како октоподи и морска храна, кои им се гледаат евтини кога се купуваат со народни пари.Владата на СДС, за игнорантскиот однос кон суштинските потреби на граѓаните ќе биде казнета од страна на граѓаните на 15-ти октомври кога Заев и криминалната врхушка околу него, убедливо ќе бидат поразен, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top