Десетици илјади луѓе се собраа во Барселона со пораката „Не се плашам“, девет дена по терористичките напади на ИСИС во кои загинаа 15 луѓе во шпанската покраина Каталонија.
Маршот го предводат полицајците, медицинскиот персонал и припадниците на другите служби кои беа вклучени во спасувањето на граѓаните минатата недела, а зад нив маршираат претставниците на политичките партии.
Граѓаните од 18 часот маршираат низ центарот на градот носејќи каталонски знамиња и транспаренти.
За учество во нападите се обвинети 12 мажи од кои осум загинаа, двајца се бранат од слобода а двајца се во притвор без право на кауција.
За нападите во Каталонија одговорноста ја презема ИСИС со пропагандна порака во која истакна дека тие се одмазда за учеството на Шпанија во меѓународната коалиција против калифатот кој ИСИС го прогласи во 2014, на територии на Ирак и Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полска гори: Околу 200.000 маршираат, патриотите го запалија знамето на ЕУ! (видео)
-
Во Приштина марш за обединување на Прешевската Долина со Косово
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени