| четврток, 6 декември 2018 |

Овие три работи веднаш фрлете ги!

Стара козметика
Правилото е едноставно – ако е стара, сува или не планирате да ја користите, фрлете ја. Кај влажната декоративна козметика како што е пудрата, маскарата или тушот за очи, со време почнуваат да се развиваат бактерии, кај сенките и руменилото, откако ќе им истече рокот на употреба го немаат истиот учинок како порано.
Стари четки и сунѓери за туширање
Според поседните истражувања, работите кои ги користите за да го измиете телото може да бидат највалкани во домот. Тоа се однесува на крпи, сунѓери или четки за туширање.
Бактериите најбрзо се размножуваат на влажни места, а влакната на четките и сунѓерите се како „создадени“ за размножување на бактериите. Затоа се користат од три до шест месеци.
Лекови
Стари лекови на кои им поминал рокот на употребата, може да бидат опасни. Затоа веднаш фрлете ги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top