Една од најчестите болести или моментални болки, кое се појавуваат на нашата кожа се темните кругови. Тие се причина да изгледаме уморни, но што е она што ја провоцира нивната појава?
Постои разлика помеѓу сини кругови и кафеави кругови.
Кожата под очите е исклучително тенка и нежна и тоа го прави видливо сето она што се случува во овие области на лицето. Најчестите кругови под очите се сините и кафеави.
Првите ги забележуваме обично по спиење. Тие се должат на собирањето на едно место на крв, која е сиромашна со кислород. Додека кафеавите кругови се должат на пигментацијата, изложување на сонце или триење на кожата во овие области.
Исхрана и алергии
Ненаспаноста е една од најчестите причини за појавата на темни кругови под очите. Но, понекогаш оваа состојба се должи на начинот на исхрана, особено по губење на телесна тежина.
Може да биде и резултат на алергиска реакција на организмот.
Исто така со староста овие темни кругови стануваат видливи. Кожата почнува да ја губи својата еластичност, поткожното масно ткиво. Сето ова се одразува на нејзиниот здрав и свеж изглед.
Што уште може да ја предизвика појавата на темни кругови под очите?
Атопичен дерматитис (егзема)
Контактен дерматитис
Наследноста
Хормоналните промени
Изложеност на ниски температури, што предизвикува пукање на капилари
Штетни навики
Стрес
Замор и други
Како сами да си помогнете при присуството на темни кругови?
Направете си маска со кругови краставица. Нивната свежина и витамин Ц, кој го содржи, ќе помогне за обновување на сјајот на кожата.
Острите компири се исто така добро решение. Исечете ги на кругови и повторно ставете ги како природен компресор. Тие се богати со ензим кој има ефект на белење.
Кеси со зелен чај – Голем дел од очните креми содржат кофеин. Зелениот чај, исто така содржи кофеин. Сварете 2 кеси, оставете ги да се изладат и потоа аплицирајте ги како компресори.
Ако овие совети не ви помогнат, консултирајте се со специјалист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.