| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународен фудбалски турнир во Гази Баба

На плоштад Автокоманда на 27 август, недела, со почеток во 20 часот ќе се одржи свечено отворање на Меѓународниот младински турнир во фудбал „Гази Баба Куп 2017“.

На турнирот ќе настапат 96 екипи со над 1800 млади фудбалери од Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска и Унгарија.

За купот се пријавени Вардар, Работнички, Пелистер, Академија Пандев, Црвена Ѕвезда, Ујпеш, Хајдук, Марибор, Лудогорец, Черноморец и многу други.

Натпреварите ќе се играат на три фудбалски терени во Комплекс „Петар Милошевски“ во Аеродром, на фудбалскиот терен на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари и на фудбалскиот терен на ФК „Вардар“ во Хиподром.

„Гази Баба Куп 2017“ е во организација на Здружението „Спорт Јуниор“, под покровителство на Општина Гази Баба, во коорганизација со Општински фудбалски сојуз Гази Баба, поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top