| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдено телото на исчезната кичевка во Треска

Treska reka

Кичевката што се водела за исчезната е пронајдена вчера во водите на реката Треска.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, во попладневните часови, граѓанин во водите на Треска кај местото викано Лаг во Кичево забележал човечки труп.

По полициската контрола, припадниците на противпожарната бригада го извлекле телото од реката.
Со препознавање е утврдено дека станува збор за 56-годишната Веселка Спасеновска, која од 30 април се води за исчезната.

Телото на покојната е предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top