| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележани 15 години од загинувањето на двајцата полициски резервисти во Гостивар

Претставници на македонскиот полициски синдикат, здружението на бранители „Бедем“  и полициската станица Гостивар, утрово го посетија спомен-обележјето на влезот во гостиварската населба Циглана, посветено на двајцата трагично загинати полициски резервисти Александар Николиќ и Даиљ Јанковски и положија букети цвеќе.

На комеморативниот собир, заедно со роднините на загинатите, со минута молчење им оддадоа почит и се поклонија на двајцата поранешни колеги, чиј живот згасна пред 15 години.

Цвеќе за Александар и Даиљ беше положено и на нивните вечни почивалишта на градските гробишта.

Загинувањето на двајцата резервисти, се уште до крај не е расветлено и не е познато кој и зошто пукаше таа ноќ во нив додека беа на полициски пункт во населбата Циглана. Во нападот што се случи еден час по полноќ на 26 август 2002 година, покрај загинатите Даил и Александар, беше ранет уште еден резервист. Одговорноста за овој чин со соопштение ја презеде терористичката организација АНА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top