Во Драч, Албанија, претпладнево почна неформалната средба на претседателите на владите на земјите од Западен Балкан, на која учествува и македонскиот премиер Зоран Заев.
Средбата се одржува во резиденцијата Мелиса, каде што на почетокот албанскиот премиер Еди Рама приреди прием за учесниците, по што почнаа неколкуте работни сесии на теми поврзани со регионалната соработка и за зајакнување на интеграциските процеси на Западен Балкан, јави известувачот на МИА.
Покрај премиерите на државите од регионот, во Драч се и комесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан и потпретседателот на Светска Банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер.
Од Европската комисија, очекуваат во фокусот на неформалната средба на премиерите од западнобалканската шесторка, да биде јакнењето на имплементацијата на обврските преземени за време на Самитот на ЕУ – Западен Балкан, кој што се одржа во јули годинава во Трст, особено акцискиот план за продлабочување на регионалната економска интеграција.
Регионалната економска зона, договорена на самитот во Трст, ќе обезбеди нови можности за бизнисот и граѓаните, ќе го зајакне економскиот раст и работните места. Следните конкретни чекори вклучуваат меѓусебно признавање на професионалните квалификации, идентификување и надминување на препреките за трговија и инвестиции во регионот, воспоставување на регионален дијалог за дигитална трансформација и започнување преговори за механизми за решавање на споровите, се вели во соопштението од ЕК пред средбата во Драч.
Европската комисија силно ја поддржува регионалната соработка на Западен Балкан, како неопходен дел од нивната перспектива за пристап кон ЕУ, преку значителни инвестиции во поврзување на инфраструктурата, економиите и луѓето во самиот регион и меѓу регионот на Западен Балкан и ЕУ.
На маргините на неформалниот состанок во Драч се очекува и средба меѓу премиерите на Македонија и Србија, на која српската премиерка Брнабиќ ќе му ја пренесе на македонскиот премиер Заев поканата за одржување заедничка седница на владите на двете земји до крајот на годинава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст