| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Со парите што ги подигна СДС можеше да набави 33.400 инкубатори

Kragujevac, 8. februara 2012 – Inkubator koji je Centar za neonatologoiju Klinike za pedijatriju u Kragujevcu dobio u okviru akcije “Bitka za bebe” koju organizuje Fond B92, a donator je Kragujevcanin Tomislav Nikolic ( D ), lider Srpske napredne stranke. FOTO TANJUG / MILOŠ MILIVOJEVIC / sl

Набавка на еден современ инкубатор чини околу 10.000 евра. За неполни три месеци неспособната влада на СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии подигна 334 милиони евра. Со парите кои ги подигна СДС можеше да се набават околу 33.400 нови инкубатори кои би спасиле детски живот.

„Нови инкубатори не се набавија, а парите со кои СДС ја задолжи државата едноставно испарија. Единствено што на владата на Зоран Заев им успева е да ја задолжуваат државата и граѓаните. Каде испарија народните пари во вредност околу 334 милиони евра, по основ на повлечени пари од девизните резерви и задолжување од издадени државни хартии од вредност“, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата партија ја обвини владата на Зоран Заев дека е неспособна да го послуша гласот и барањата на народот и одлучи да си ги задоволи своите алчни апетити и народните пари ги искористила за луксузирање и покривање на партиските вработувања по институциите.

Владата на СДС поради непосветеноста и негрижата за граѓаните, убедени се од ВМРО-ДПМНЕ, конечниот суд ќе го види на 15 октомври кога Заев и криминалната врхушка околу него жестоко ќе бидат поразени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top