| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот ден на Курбан Бајрам, 1 септември, неработен за граѓаните од муслиманска вероисповед

Првиот ден на Курбан Бајрам, 1 септември, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Курбан Бајрам е прогласен за неработен ден согласно Законот за празниците на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед им го честита претстојниот празник Курбан Бајрам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top