Францускиот претседател Емануел Макрон потрошил 26.000 евра на своето разубавување, откако пред три месеци стапи на чело на државата, објави списанието „Пуан“.
Личната шминкерка на Макрон на Елисејската палата и доставила две сметки од 10.000 и 16.000 евра, за шминкање на претседателот пред неговите патувања и средби со новинарите.
Сепак, податоците говорат дека тој и не е толку „расипнички“ настроен… Само за споредба, неговиот претходник Франсоа Оланд квартално трошел 30.000 евра за шминка, а бруто платата на неговиот личен фризер пак, изнесувала 9.895 евра. Никола Саркози за фризура и шминка трошел нешто помалку од Макрон, околу 8.000 евра месечно.
Советниците на Макрон по ова, соопштуваат дека тие суми ќе бидат значајно помали во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.