Македонскиот шампион Вардар постигна историски успех откако стана првата македонска екипа која избори пласман во групите од Лига Европа.
Во баражот од ова натпреварување „црвено-црните“ го елиминираа турскиот тим Фенербахче. Од постигнатите резултати задоволство искажа и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија(ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски.
„Честитки за ФК Вардар, ова е брилијантен резултат, успех за паметење. Навистина треба да бидеме горди на овој успех. Сите заслужуваат пофалба, од фудбалерите, преку стручниот штаб до раководството на клубот – браво за секој што има придонес во овој резултат. Полните трибини ова лето и радоста која ја видовме сведочи колку Македонците го сакаат фудбалот, колку на луѓето им значи успехот на нивниот клуб и колкава е вредноста на македонскиот клупски фудбал. Сведоци сме на една фудбалска еуфорија за која многу значајни се и медиумите и навивачите кои создаваат позитивна атмосфера. Среќно во групната фаза“, порача Ѓорѓиоски преку официјалната интернет страница на ФФМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст