Група граѓани денеска пред Министерството за здравство протестираа и побараа одговорност и оставка од министерот Арбен Таравари и директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска. Велат револтирани се од смртта на трите бебиња и дека когаа се изгубени три животи, нешто морало да затаи.
„Ветуваа многу, а што добивме? Три мали животчиња да одат? Луѓе тоа никаде го нема во светот. На крајот кажува дека ќе викнеле комисија. Каква комисија?“, прашува Лидија Стаменкова и бара од Таравари и Јовановски веднаш да си поднесат оставка.
Вели дека за сите три бебиња да починат нешто морало да затаи, а ако затаило, тогаш мора да се најде кој е одговорен, а не, како што рекоа, да ја шуткаат топката натаму-наваму.
Порачува дека министерот треба да рече „не сум способен, станувам и си одам“, а со него да си оди и директорката на ГАК.
„Луѓе, доста ни се прикаски. Нека станат и нека се фатат за работа, а ќе се работи со добри кадри. Имаме ние добри кадри, не се сите кадри шупливи. Нека се најдат способни кадри“, рече Стаменкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст