Во рамките на програмските активности на Град Скопје во сферата на образованието, а во функција на поширока јавна промоција и афирмација на врвните постигања на средношколците, на иницијатива на Секторот за образование на Град Скопје, под покровителство на градоначалникот, господин Коце Трајановски, во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, вечерва во 20 часот во салонот на Македонскиот народен театар ќе се одржи традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“.
На оваа средба, која ќе биде збогатена со културно-уметничка програма, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на 27 матуранти-првенци на генерацијата од 21 скопско средно училиште ќе им врачи специјални признанија и парични награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тур-оператор од Италија ја прекинал соработката со групи од Македонија бидејќи средношколци вршеле нужда во собите
-
Средношколци од Македонија на трето место во Централна и Источна Европа по општо знаење
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Каде се изгубија 15 илјади средношколци во Македонија во последните четири години?