Роднините на трите починати новороденчиња, го демантираат министерот за здравство Таравари. Денеска Министерството излезе со изјава дека медиумите шпекулираат за немањето на опрема во скопската клиника.
Роднините го рашуваат министерот дали знае колку новороденчиња беа родени вчера во скопската клиника.
Според информациите во болницата денот кога се случи ова имаше 55 раѓања а болницата има вкупно 18 инкубатори.
Од ресорното Министерство посочија дека скопската клиника ги контактирала родителите и дека неколку пати се разговарало и му било објаснето за состојбата на новороденчињата, третманот, како и за можностите за преживување. Но, роднините со поинакво тврдење за Телеграфи. Велат дека нималку не е вистина. Тврдат дека едното новороденче починало дента околу 12 часот, второто починало во 19 часот а третото во 22 часот навечер. Родителот бил контактиран во 23 часот и му било кажано да оди дома да се одмори, а наредниот ден да оди во болницата за да го информираат за состојбата на новороденчињата. Таткото на новороденчињата не знаел дека тие починале се до наредниот ден.
Во текот на денот, министерот ќе се сретне со родителите на починатите новороденчиња како и со целиот персонал кој бил одговорен да се грижи за новороденчињата, ниту ова не е точно, денеска ниту родителите биле контактирани од министерот Таравари или некој друг а ниту била договорена средба за разјаснување на трагичната ситуацијата која му се случи на фамилијата Исени од тетовското село Доброшти.
На соцојалните мрежи јавноста го искажува својот револт од односот на Таравари. Тие испраќаат порака – Таравари не е време за глумење, формирај екипа која ке го истражува случајот и да се обелодени вистината за виновниците да одговараат пред законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст