Никола Србов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека Република Македонија наместо правна држава станала држава окоупирана од Заев и неговата политичка булумента.
– Со низата докази и документи кои ви ги презентиравме изминатите денови, а се однесуваат на незаконско разрешување и именување на функционери, ви обзнанивме дека Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев директно и го прекршуваат изборниот законик член 8а и законот за спречување на корупција. Социјалдемократскиот сојуз свесно го прекрши законот за спречување на корупција, каде согласно даденото мислење на оваа институција од денот на донесување на одлука за распишување на локалните избори до завршување на истите, постои законска пречка да се разрешуваат и именуваат директори, да се разрешуваат и именуваат Управни и Надзорни одбори за кои владата има надлежност, освен во случај каде нивниот мандат е завршен,при што може да се именува вршител на должност. ВМРО-ДПМНЕ уште на првата прес конференција напомена, дека имаме прибавено обемна документација и докази за антидатирано нелегално и противзаконско назначувањена Управни и Надзорни одбори и незаконското именување и разрешување на директори и други раководни лица во институциите низ државата, рече Србов.
Тој додаде дека за истите имале докази дека се избрани и објавени во Службен весник после распишувањето на локалните избори, што овие Управи и Надзорни одбори и именувани и разрешени функционери ги прави нелегални, а нивните дејствија и одлуки во самите институции по сила на закон нелегални.
– Уште еден таков пример за скандалозното и противправното работење на владата на Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев е незаконското разрешување на директорката на Фондот за иновации и технолошки развој. Имено со решение на влада,после распишување на локалните избори на 10.08.2017 година, заведено под архивски број 02-414/1 противзаконски се разрешува од должност директорката на Фондот за иновации и технолошки развој Јасминка Поповска, со потпис од господинот Зоран Заев. Во ист ден на 10.08.2017 година владата донесува ново решение заведено под архивски број 04-414/2 со кое се назначува нов вршител на должност на местото директор на фондот, извесен Јово Деспотовски, со што грубо се прекршува даденото мислење согласно законот за спречување на корпција, каде децидно е дефинирано дека по распишувањето на локалните избори на 6-ти август, постои законска пречка да се разрешуваат директори на управи и други државни институции, до завршување на изборите. За да правниот преседан биде уште поголем, Социјалдемократскиот сојуз и Заев во брзање да постават што поголем број на партиски послушници за директори пред распишување на на локалните избори на 6-ти август, не стигнале да прочитаат дека согласно член 33 од Законот за иновациска дејност за избор на нов директор, Управниот одбор распишува оглас и согласно член 35 од истиот закон, Управниот одбор а не владата го разрешува директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, рече Србов.
Тој нагласи дека Управниот одбор, а не владата е тој кој го разрешува директорот на Фондот за иновации.
– Владата на Социјалдемократскиот сојуз можеби би постапила согласно закон, но немала време но и можност законски според процедура, преку Управниот одбор да го разреши директорот на Фондот за иновации. Владата не можела да го разреши директорот на фондот законски, затоа што донеле решение за нов управен одбор заведено со архивски број 02-414/6 на 23.08.2017 година, дури 13 дена подоцна од противзаконската одлука за разрешување на директорот кои самите ја имаат донесено. Сега е јасно зошто на владата на Социјалдемократскиот сојуз и Заев им било проблем да ги испочитуваат законските процедури, затоа што најверојатно немале Управен одбор во дадениот момент според нивен партиски терк, додаде Србов.
Според него законските основи за разрешувања или именување биле прекршени, а сето ова биле силни индиции за незаконско дејствување и за ваквото работење кривично одговорност ќе имало кога ќе се врати правната држава.
– За ваквото незаконско работење ќе има и мора да има индивидуална правна и политичка одговорност, за секој оној кој се огрешил пред законот. ВМРО-ДПМНЕ смета дека е најдобро незаконски именуваните и поставени лица во најкраток можен рок да си поднесат оставки. Како што досега тоа го сторија двајца. Поради ароганцијата и насилничкиот и противзаконски начин на владеење на Социјалдемократскиот сојуз на предстојните локални избори целосно ќе бидат делигитимирани од страна на граѓаните, заврши Србов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст