| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ награден на сараевскиот филмски фестивал

Македонските автори Љубо Стефанов и Тамара Котевска го презентираа нивниот последен проект „Honeyland” (Медена земја) на CineLink Work-in-Progress настанот, во рамки на овогодинешниот сараевски филмски фестивал и ја освоија највредната парична награда на фестивалот, наградата на Турската национална телевизија (TRT) во висина од 30.000 евра.

Снимањето на документарниот филм започна во 2015 година во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Главната идеја на документарниот филм е да се прикаже припадноста на човекот кон природата преку посебноста на односот кој тој го има кон неа и нарушување на тој природен баланс преку судирот на два различни начини на искористување на природните ресурси. Филмот се наоѓа во фаза на пост продукција и финансиски е поддржан од страна на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Дополнително поднесена е и апликација до Агенцијата за филм на РМ за обезбедување средства за довршување на филмот.

Режијата на филмот е на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, камерата на Фејми Даут и Самир Љума, а музиката е на „Фолтин“. Продуценти се Стефанов и Атанас Георгиев преку Аполо Media и Trice Films.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top