| четврток, 6 декември 2018 |

„Седмица“ тврди дека храната им е бактериолошки исправна, Санитарен инспекторат демантира – најдена е салмонела

По направените испитувања на примероците од храна и брисеви од работни површини и вработени, констатирано е дека храната во сендвичарницата „Седмица“ ги задоволува сите стандарди и прописи за микробиолошка исправност, велат од скопската сендвичарница.

„Сакаме да Ве известиме и воедно да Ви се извиниме за четиридневниот молк од наша страна за настанатата ситуација. Поради сензитивноста на работата и ситуацијата сметавме дека е најдобро да Ве информираме кога официјално ќе се добијат резулатите од ЈЗУ Центар за јавно здравје и Државниот санитарен инспекторат. Бевме обвинети со претпоставка за труење со храна и веднаш медиумски нападнати во една потполно непозната ситуација за нас, во тек на нашето 30-годишно беспрекорно работење. Ве известуваме дека по направените испитувања на примероците од храна и брисеви од работни површини и вработени, констатирано е дека храната ги задоволува сите стандарди и прописи за микробиолошка исправност. Сакаме и да им се извиниме на сите наши потрошувачи кои се пријавиле со стомачни потешкотии и имале конзумирано наша храна, меѓутоа не може да го занемариме и фактот дека сѐ ова се случува во денови на голема епидемија на стомачен вирус“, велат од „Седмица“ од каде ни ги испратија резултатите од Ценарот за јавно здравје каде стои дека испитаниот примерок одговара на прописите за микробиолошка исправност.

„Република“ се обиде да разговара со директорот на Центарот за јавно здравје, но оттаму ни рекоа дека тој е веќе заминат од работа.

Од Државниот санитарен инспекторат остануваат на ставот дека по извршените испитувања утврдено е дека труењето во сендвичарницата „Седмица“ е предизвикано од храната, односно поради присуство на салмонела.

Во соопштението на ДСЗИ стои:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат на ден 23.08.2017 година електронски ја доби завршната информација од ЈЗУ ЦЈЗ Скопје, во врска со труењето од Сендвичара 7 во Скопје во која во стручното мислење стои:

„Врз основа на должината на инкубационит период, клиничката слика на затруените лица, епидемиолошката анкета, епидемиолошката поврзаност на затруените лица, докажување на Salmonella enteritidis кај 6 (шест) затруени лица можеме да констатираме дека се работи за труење со храна предизвикано од Salmonella enteritidis“

Државениот санитарен и здравствен инспекторат ќе ја следи состојбата и ќе постапи согласно надлежностите, односно ќе изврши контролен надзор во објектот на сендвичарницата во однос на контрола на наредените противепидемиски мерки во врска со труењето и ќе превземе соодветни правни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top