| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со тројца борачи на Светското првенство во Париз

Македонските репрезентативци во борење Владимир Егоров (категорија до 57 килограми), Елмедин Сејфулаху (категорија до 61 кг) и Мохамедгаџи Нуров (категорија 97 кг) на чело со селекторот Љуљзим Вранези ќе земат учество на Светското првенство во борење слободен стил, кое од денес започнува во Париз, Франција и ќе трае до 27 август. Целосната поддршка борачите ја добија од Македонскиот олимписки комитет (МОК) кои го покрија учеството на репрезентативците на ова големо натпреварување. Во истиот период, македонска делегација предводена од претседателот и потпретседателот на Федерацијата во боречки спортови на Македонија (ФСБМ), Бетим Вренези и Дејан Богданов, ќе земе учество на конгресот на Светската боречка федерација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top