| четврток, 6 декември 2018 |

Марија Шерифовиќ се повлекува?

Српската пејачка Марија Шерифовиќ е позната по бројните хитови и по тоа што е дел од жирито „Ѕвездите на Гранд“. Но, таа е активна и на социјалните мрежи на кои често комуницира со обожавателите.

Судејќи по последната објава, Марија одлучи да се повлече од интернет, барем на некое време,

„Луѓе, после два месеци дојде време за? Да ги исклучам апаратите. Уживавме, пеевме заедно, се сакавме. Целата љубов ви ја дадов, а сега батериите одат на полнење, а софтверот на надградба. Ме чека мојот мал свет на кој се радувам, за да некогаш во иднина ви пеам повторно најдобри песни“, напиша Марија, а под „исклчување на апарати“ подразбира да не биде активна на социјалните мрежи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top