| четврток, 6 декември 2018 |

Велија Рамковски излезе од затвор заради лекување

Некогашниот сопственик на А1 телевизија и на дневните весници „Време“, „Шпиц“ и „Коха“, Велија Рамковски, по речиси седум години поминати во затворот „Идризово“, денеска привремено е пуштен на слобода.

Рамковски кој издржуваше 13-годишна затворска казна, е пуштен на привремен отпуст поради лекување.

Една од неговите ќерки објави фотографија на фејсбук-профилот на која се заедно двете сестри и татко им Велија. Над фотографијата стои: „По седум години затвор, Велија заедно со своето семејство“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top