Сите дипломати во Амбасадата на Србија, како што потврдуваат српски извори за Макфакс, се повлечени вчера, а македонското Министерство за надворешни работи било известено со дипломатска нота.
Амбасадорката Душанка Дивјак-Томиќ и персоналот, како што е наведено, веќе синоќа пристигнале во Белград. Причината за повлекувањето официјално не се соопштува сè уште ни од македонска ни од српска страна, но, како што дознава „Макфакс“, се поврзува со гласањето за Косово во УНЕСКО и со заканите на српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ дека ќе возврати на евентуална поддршка за Косово од Македонија, па и ќе го преиспита признавањетоуставното име на земјата.
Според извори на „Макфакс“, официјален Белград имал информација дека Македонија ќе биде предлагач за гласањето за влез на Косово во УНЕСКО, поточно да ја предложи таа точка за дневен ред.
Сите прозорци во амбасадата се затемнети, а пред неа има зголемено полициско присуство. Неофицијално, се дознава дека, освен персоналот, се однесени и технички сретства и сите документи од Амбасадата.
Амбасадорот Душанка Дивјак-Томиќ за новинската агенција „Бета“ изјавила дека не може да ја коментира причината за повлекувањето и упатила на информации денес во српското МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.