Српската премиерка Ана Брнабиќ по повод ситуацијата со Амбасадата на Србија во Македонија, изјави дека „не станува збор за мала работа“ и оти таа имала консултации со претседателот на државата Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ. Таа, пред новинарите во Владатата на Србија, најави дека наскоро ќе биде лиферувано соопштение од Министерството за надворешни работи, на кое во моментов, како што рече, „заеднички се работи“, пренесува Танјуг.
Сите вработени од Српската амбасада во Скопје синоќа беа повикани на итни консултации во Белград.
Македонското Министерство за надворешни работи се уште нема официјална информација од Белград зошто се повлечени дипломатите и вработените од Амбасадата на Србија во Скопје. Оттаму за МИА истакнаа дека воспоставуваат комуникација со МНР на Србија за утврдување на причините за оваа постапка.
Срспката амбасадорка Душанка Дивјаќ – Томиќ во изјава за српските медиуми потврдила дека целиот персонал од Амбасадата е повлечен во Белград, но рекла дека не може да коментира која е причината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Експлозија во близина на американската Амбасада во Пекинг (видео)
-
Премиерката на Србија и нејзината девојка во досега невидено издание: Сите гледале во нив!
-
Брнабиќ: Србија никогаш нема да ја признае косовската независност
-
Хоџа и Бошковски персони нон грата во САД: Амбасадата на САД изрази загриженост поради новоименуваните советници на Заев