| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на починатата жена во несреќата кај Велес

Починатиот патник во автобуската несреќа вчера на автопатот Велес – Скопје, за кој претходно извести Министерството за здравство, е 68-годишната Н.П. од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Увидот на местото на несреќата што вчера го почнал СВР Велес заедно со Основното јавно обвинителство Велес ќе продолжи и денеска, информира МВР.

Сообраќајната несреќа се случи вчера околу 18.50 часот на 250 метри пред зимскиот пункт на „Македонија пат“. Автобусот „неоплан“ со скопски таблички, сопственост на „Бус травел“ д.п.у. д.о.о.е.л. Скопје, кој бил управуван од возачот А.Н. (48) од Скопје, излетал од коловозот и слетал во амбис. Во несреќата повреди здобија возачот и сите 27 патници.

Некои медиуми претходно известија дека на едно дете му е ампутирана раката на Клиниката за детска хирургија во Скопје, но од таму велат дека станувало збор за операција, а не за ампутација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top