| четврток, 6 декември 2018 |

„Савана“ по сообраќајката во Велес: Сочувство за починатата патничка и поскоро оздравување на другите патници

Во автобусот на „Бус травел“ кој вчера се преврте при враќањето од Грција биле туристи на туристичката агенција „Савана“. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани наши сограѓани, пријатели и патници. Со неизмерна тага и болка ве известуваме, дека вчера во вечерните часови, автобусот на превозникот „Бус травел“ од Скопје, кој превезуваше дел (25 патници) од нашите туристи кои се враќаа од летувањата во туристичките места на Халкидики, на делницата од автопатот Велес – Скопје имаше тешка и трагична сообраќајна несреќа.

Во оваа страотна сообраќајна незгода, најголем дел од патниците, придружникот и возачот на автобусот, беа тешко повредени и хоспитализирани во болниците во Велес и Скопје, додека една патничка за жал, во болницата сепак им подлегна на здобиените повреди.

Изразувајќи го нашето сочувство кон семејството на починатата госпоѓа, како и искрената надеж за поскоро оздравување на другите патници, ве повикуваме да ни се придружите во нашите молитви кон Господа, за негова милост и нивно спасение“, соопшти ТА „Савана“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top